Достапни линкови

Законот за социјална сигурност ќе се гласа по скратена постапка


Центар Скопје, стари луѓе, пензионери

Сите граѓани на Северна Македонија постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија. Тоа нема да се однесува на оние кои се во брак или живеат во вонбрачна заедница, а чиј партнер веќе ужива пензија.

Законот за социјална сигурност на постари лица стигна во Собрание и за него ќе се гласа по скратена постапка. Имено, со него е пропишано државната социјална пензија да изнесува 6000 денари месечно или (96,7 евра) и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот. Услов за добивање на оваа пензија е лицето да биде државјанин на Северна Македонија и во земјава да живее во последните 15 години.

Покрај тоа, услов е граѓанинот да нема сопствен имот и имотни права од кои може да се издржува, да не е корисник на пензија или некој вид примања по основ на старост, инвалидност или издржување од друга држава. Оние кои ќе примаат социјална пензија ќе имаат право и на надомест за греење во износ од 1000 денари (16 евра) од октомври до март.

XS
SM
MD
LG