Достапни линкови

Чавков однесен во притвор во Шутка, обвинителството тврди дека подготвувал бегство


Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е пренесен во истражниот затвор во Шутка откако Основното јавно обвинителство побара притвор поради добиени сознанија дека подготвувал бегство.

„По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка – Притвор. Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот со Решение му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена“, информира обвинителството.

Чавков е еден од обвинетите во предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата.

XS
SM
MD
LG