Достапни линкови

Заев – Ваква опозиција не може да биде овластен предлагач на јавниот обвинител


Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев, по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека не го прифатиле барањето за избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, затоа што „ваква опозиција“ не може да биде овластен предлагач.

„Ваква опозиција, којашто не носела свои ставови за својата земја, а требала да оформи ставови, со ваков однос каков што е, апсолутно ние не прифаќаме да биде предлагач на јавниот обвинител во Република Северна Македонија“, рече Заев.

Тој додаде дека тоа било нивно изборни ветување и оти се надева дека ќе има „достоинствена и конструктивна“ опозиција за да биде овластен предлагач на јавниот обвинител.

XS
SM
MD
LG