Достапни линкови

Политиката на проширување на ЕУ е приоритет


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека политиката на проширување на ЕУ е приоритет, не само кога е Црна Гора во прашање, туку за целиот регион.

Ѓукановиќ и Туск се согласиле дека проблемите со кои се соочува Црна Гора, и целиот регион, се можност за изградба на ефикасни државни институции и владеење на правото, што е „најдобра препорака за напредокот во интеграциите“.

Ѓукановиќ го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина и го потенцираше значењето на политичката волја и на бенефитот на сите страни во процесот на решавање на толку тешки прашања, што, според него, може да биде поттик за регулирање на односите меѓу Белград и Приштина, како и за функционалноста на Босна и Херцеговина.



XS
SM
MD
LG