Достапни линкови

Четири македонски градови на листата најзагадени во светот во 2018


Загадување во Скопје во декември, 2018 година.

Тетово е најзагаден град и се наоѓа на 169 место. По него следи Куманово на 261 место, потоа Битола на 280 место. Скопје пак се наоѓа на 315 место. Во Скопје само првиот месец од годината кој бил најзагаден имал лошо влијание по здравјето врз сите граѓани.

Четири градови од земјава се најдоа на листата на 3000 најзагадени градови во светот во минатата година, поред анализата изработена од меѓународната невладина еколошка организација „Гринпис“ и „Ај Кју Еар Вижуел“, група со седиште во Швајцарија која глобално го следи аерозагадувањето.

Тетово е најзагаден град и се наоѓа на 169 место. По него следи Куманово на 261 место, потоа Битола на 280 место. Скопје пак се наоѓа на 315 место.

Според анализата, најзагадени месеци во Тетово во 2018 година биле јануари, ноември и декември, кои се окарактеризирани како месеци кои имале лошо влијание по здравјето врз сите граѓани. По нив следат месеците февруари, март и октомври кои се наведува дека не биле негативни по здравјето врз одредени сензитивни групи.

Во Скопје пак само првиот месец од годината кој бил најзагаден имал лошо влијание по здравјето врз сите граѓани. Ноември и декември биле негативни по здравјето врз одредени сензитивни групи. Останатите месеци од годината во Скопје влијанието на загадувањето било умерено.

Во првите 100 градови на листата се наоѓа само еден град од регионот. Градот Лукавац во Босна и Херецеговина го зазема 92 место. На листата му прават друштво уште четири градови во земјата, Живинице кој се наоѓа на 102 позиција, како и Грачаница на 137 место, Сараево 240 и Тузла 289 место.

Меѓу првите 500 најзагадени градови на листата, од Западен Балкан по аерозагаденоста се и Приштина на 373 место и Софија која е 428.

Најголем број на градови на листата од 100 најзагадени има токму Индија и Кина, а во првите 10 се наоѓаат и два града од Пакистан.

Мерењата на „Гринпис“ и „Ај Кју Еар Вижел“ покажале дека кај 64 проценти од 3.000 града на листата ги надминуваат препорачаните од Светската здравствена организација ограничувања за изложеност на ПМ 2,5 честичките на годишно ниво, што се поврзуваат со голем обем на здравствени проблеми кај луѓето.

Светската здравствена организација проценува дека глобално седум милиони луѓе годишно предвреме умираат како последица од изложеност на аерозагадувањето.


  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG