Достапни линкови

Граѓанските организации бараат итно донесување на Законот за антидискриминација


Со цел да ги пресретнат роковите од следниот извештај на Европската комисија, избегнување на натамошно одолговлекување и натамошни повреди на човековите права на граѓаните, граѓанските организации денеска на прес-конференција, побараа Собранието веднаш да свика седница на матичната Комисија за труд и социјална политика и да ја заврши законодавната постапка за донесување на Закон за спречување и заштита од дискриминација пред стартот на претседателските избори. Организатори и поддржувачи на барањата се 100 здруженија, сојузи и фондации и мрежи на граѓански организации.

XS
SM
MD
LG