Достапни линкови

Дескоска - Засега немаме двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство


Министерката за правда Рената Дескоска

Министерката за правда Рената Дескоска денеска рече дека носењето законот за јавното обвинителство ќе биде еден од пресудните моменти за отворање преговори со ЕУ, но оти засега нема обезбедено двотретинско мнозинство за носење на законот изработен од Министерството за правда за помош на странски експерти.

Пред промоцијата на Првиот национален извештај за перформансите и реформите во правосудството, таа рече дека

„Станува збор за решение што ќе овозможи квалитетен систем на јавно обвинителство во кое Специјалното јавно обвинителство ќе има своја улога во гонењето висока корупција и секако продолжување на сите предмети што се почнати во СЈО, без разлика дали се во
фаза на обвинение, во истрага или предистрага“, истакна таа.

Таа појасни дека со законот се предвидува продолжување на надлежноста на СЈО за сите предмети што ги работеле во сите фази, со цел да нема никаква одредба што би значела затскривање и амнестирање со закон на било каков криминал.

XS
SM
MD
LG