Достапни линкови

Отстранет натписот “Република Македонија” од владината зграда


Влада на РМ

Натписот „Влада на Република Македонија“ утринава е отстранет од фасадата на владината зграда, и се очекува наскоро на неговото место да се постави натпис „Влада на Република Северна Македонија“. Владата, Собранието и министерствата, пред сè МНР и МО, се очекува да бидат првите кои уште во текот на оваа недела ќе ги постават новите натписи

Денеска треба да бидат поставени и првите табли со „Северна Македонија“ на граничните премини, а првиот ќе биде граничниот премин „Богородица“, главниот премин на границата со Грција.

Со ратификацијата на Пристапниот протокол за приклучување на Македонија во НАТО во грчкиот парламент во петокот на 8 февруари, отстранети се сите пречки за стапување на сила на Преспанскиот договор.

XS
SM
MD
LG