Достапни линкови

Новите членови на Антикорупциската комисија дадоа свечена заклетва


Собрание на РМ

Новоизбраните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево во Собранието на Република Македонија дадоа свечена изјава. Тие беа избрани претходно на пленарна седница со 65 гласа „за“, 10 воздржани и ниту еден глас против.

Претседателка на Комисијата е Билјана Ивановска, а членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Салаи Шемши.

Новата претседателка Ивановска очекува новиот состав на комисијата професионално, законито и транспарентно да работи и да застане во одбрана на јавниот интерес. Ивановска изјави дека ќе создаде моќна антикорупциска сила, а „најголеми антикорупционери се слободните граѓани“.

Новите антикорупционери имаат мандат од пет години, а согласно новите овластувања ќе го следат и претстојниот изборен процес во делот на финансирање на политичките партии.

XS
SM
MD
LG