Достапни линкови

Девет пријавени за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори


На огласот за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата се пријавиле 10 кадидати, од кои еден е одбиен поради поднесување на пријавата по завршувањето на рокот, објави потпретседателот на партијата Владо Мисајловски.

Во кандидатската трка влегуваат универзитетската професорка Гордана Силјановска, пратеникот Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Манасков (претседател на Стопанската комора за енергетика), Горан Ангелов (поранешен градоначалник на Виница), Илија Димовски, Васко Костов, Никита Шекутковски (универзитетски професор) и Сашо Кутлешовски.

Кој од нив ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучуваат партиските делегати на 16 февруари на партиската Конвенција во Струга.

XS
SM
MD
LG