Достапни линкови

Завршни зборови на одбраната за „27 април“: Нема докази дека Чавков сторил кривично дело


Митко Чавков

Надлежноста за делување таа вечер била на СВР Скопје. Колку полициски службеници побарале - толку и добиле. Проценката за ризик за нарушување на јавниот ред и соодветниот полициски одговор е на СВР Скопје. Нема докази дека Митко Чавков сторил кривично дело, рече адвокатот Сашо Дуковски во завршните зборови како бранител на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, за случајот „27 април“.

„Јас не познавам толку посебен полицаец во целиот свет, при постење на осум СВР на територијата на Македонија, може и треба 24/7 да знае што се случува во секое од нив", истакна Дуковски.

Повикувајќи се на обвинението, Дуковски вели дека Чавков не можел да биде виновен за загрозување на уставниот поредок со како што се товари во обвинението за „неиздавање наредба за дополнителни полициски сили за обезбедување на Собранието со што наводно е овозможено толпа да влезе во Собранието“, затоа што, како што рече Дуковски, во обвинението е посочено дека толпата влегла откако лицето опфатено со амнестијата Крсто Мукоски ги отворил вратите. Дуковски во завршните зборови посочуваше дека неговиот клиент на денот на 27 април си ја извршувал работата според законските обврски.

Според законот на Чавков му се заканува казна затвор од 10 години.

XS
SM
MD
LG