Достапни линкови

Документарецот Медена земја со три награди на Санденс


Архивска фотографија- екипата кој стои зад Медена земја на фестивалот Санденс

Македонскиот филм Медена земја победи во конкуренција за документарци од целиот свет на американскиот фестивал Санденс. Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, а на премиерата на „Санденс“ присуствуваа и продуцентот и монтажер на филмот, Атанас Георгиев и снимателите Фејми Даут и Самир Љума. Во категоријата во која е Медена земја имаше уште 11 други документарни филмови од целиот свет. Филмот ја доби големата награда на жирито за најдобар документарен филм, а на снимателите им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија. Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена. Премиерата на Медена земја беше на 28 јануари на фестивалот кој се одржува во Јута, САД, а беше проследена со долги аплаузи,овации и позитивни критики.

XS
SM
MD
LG