Достапни линкови

Расте бројот на заболени од грип


Изминатава недела биле регистрирани 643 заболени од грип, што значи дека е евидентирано зголемување за 20 отсто во однос на минатата недела кога беа регистрирани 535 заболени од грип, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје.

Во извештајот кој е објавен на веб страната на Институтот дека и покрај растот на заболени, се уште не е достигнат прагот за влез во сезоната на грип. Според тестираните материјали во вирусолошката лабараторија на Институтот поголемиот дел се позитивни на грипотпознат во јавноста како свински грип односно Influenza A(H1N1) и помал дел на Influenza A(H3).

Според нивните податоци во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 2.873. Оваа сезона, најголем број на заболени лица се регистрирани во Гостивар 568, потоа во Тетово 359 и во Скопје 283.

XS
SM
MD
LG