Достапни линкови

Столтенберг: Се подготвува пристапниот Протокол за прием во НАТО


Генералниот секретар Јенс Столтенберг до знакот на новоименувата улица во Скопје, улица Столтенбергова

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испрати возвратно писмо до министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, со кое го потврдува приемот на упатеното писмо од страна на министерот Димитров во кое е изразена подготвеноста и способноста на земјата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство на Република Македонија во НАТО.

Според соопштението од министерството за надворешни работи во писмото од Столтенберг се истакнува дека во подготовка е Пристапниот Протокол кој е предвидено наскоро да биде потпишан од страна на постојаните претставници на земјите членки на НАТО, за што ќе следи и покана до МНР Никола Димитров за присуство на церемонијата на потпишувањето на Протоколот.

Со потпишувањето на Пристапниот Протокол, започнува следната фаза од пристапниот процес, по што следи ратификација на Протоколот во националните парламенти на земјите членки на Алијансата.

XS
SM
MD
LG