Достапни линкови

Заев и Ципрас официјално кандидати за Нобелова за мир


Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас се и официјално кандидати за Нобелова Награда за мир, соопшти македонската влада. Премиерот Заев денеска примил писмо од добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година Уидед Бушамауи во кое го извесува дека испратила писмо до Комитетот за Нобеловата награда за мир со номинација тој и грчкиот премиер Ципрас да бидат кандидати за оваа награда, за 2019 година.

Во писмото, како што соопштува Владата, нобеловката Бушамауи ја искажува својата убеденост дека Договорот од Преспа, претставува модел за мирно и конструктивно решавање на билатералните и мултилатералните недоразбирања меѓу соседните држави и дека ратификацијата на договорот во двете земји сведочи дека дијалогот, цврстата определба како и чувството за добрососедство, се клуч за сите проблеми независно притисоците на националистите од двете страни на границите.

Писмо со идентична содржина, добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Уидед Бушамауи, испратила и до грчкиот премиер Алексис Ципрас.

XS
SM
MD
LG