Достапни линкови

Бројот на заболени пораснат за 90 отсто, а сезоната на грип не е почната


Илустрација

Изминатата недела се регистрирани 535 заболени од грип, што е зголемување за 90,4 отсто споредено неделата пред неа кога беа регистрирани 281 заболен од грип, се наведува во извештајот, што денеска на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Активноста на вирусот на грип, како што се посочува, е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Најголем број заболени (416) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 31 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар (183) каде е регистрирана и највисока инциденца 152,8 на 100.000 жители.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 2.230.

XS
SM
MD
LG