Достапни линкови

Меј со три клучни промени во планот за Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска ги отфрли повиците да го одложи излезот на Велика Британија од ЕУ. Таа најави и три клучни промени со цел да биде усвоен нејзиниот план за Брегзит.

Според неа, втор референдум би ја нарушил вербата во демократијата и би и штетел на социјалната кохезија. Британските пратеници на гласањето минатиот вторник не го прифатија планот на Меј. Последен рок за излегување на Британија од ЕУ е 29 март годинава.

XS
SM
MD
LG