Достапни линкови

Во бегство осудениот за обид за убиство на Села


Архива: Судење на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Осудениот на 13 ипол години затвор Никола Војминовски за обид за убиство врз Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на 27 април, е во бегство, соопшти денеска Кривичниот суд.

Од Судот наведуваат дека надлежната полициска станица, која вршела надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор која му е определена и продолжена на обвинетиот до правосилната пресуда, го известила Судот дека осудениот со неправосилна пресуда, не се придржувал до определената мерка.

По добиеното известување Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје на обвинетиот му определил мерка протвор до негово пронаоѓање, а оти е издадена и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница.

XS
SM
MD
LG