Достапни линкови

VIVA LA REVOLUTION - Да живее револуцијата


Јовица Јанковиќ, ученик во четврта година во СУГС Георги Димитров
Јовица Јанковиќ, ученик во четврта година во СУГС Георги Димитров

Полека се гледа дека се зголемува интересот на младите за тоа да се приклучат во ова општество и да влијаат врз донесувањето на одлуки, бидејќи се знае дека тоа највеќе ќе влијае врз истите, пишува средношколецот Јовица Јанковиќ во младинската онлајн колумна на Радио Сободна Европа.

Во иднина кога некоја личност ќе помисли на „далечната 2018-та година“, дефинитивно веднаш ќе се наврати на тоа што на некој начин ја дефинира оваа година, не само во геополитика, туку и во секое друго поле во општеството. Револуцијата на жолтиот елек во моментов е една од најголемиот показател за владејачката гарнитура дека францускиот народ вели НЕ на поголемите даноци и уште еднаш одбива да биде „колатерална жртва“ во војната помеѓу големите сили.

Францускиот жолт елек моментално е симбол, не само за борба против зголемените даноци, туку против сите тие кое на секое можно поле го местат чесниот човек и упорно земаат сè што можат да најдат од него.

Ова таканаречена местенка не смее да помине покрај младите туку така, од причина што ако ние младите дозволиме само така да немаме право на глас или, пак, уште полошо да не одвојат едни против други, тогаш победува само тој што е на врвот и никој друг! Ако ние младите утре сакаме да го смениме општеството и ако сме сложни на тоа дека заедничка цел ни е тоа да оставиме подобро место за следната младина, тогаш треба да почнеме прво од НАС и да покажеме дека и ние сме фактор во општеството кој може само да му придонесе, а не да биде товар врз државата. Полека се гледа дека се зголемува интересот на младите за тоа да се приклучат во ова општество и да влијаат врз донесувањето на одлуки, бидејќи се знае дека тоа највеќе ќе влијае врз истите! За среќа младината во Македонија преку годините сме се покажале дека сакаме оваа наша државичка навистина да биде место каде што младината е ценета и е исто така пружено шанса да се докаже не само на политичката сцена, туку и секаде на „Големата сцена“, каде можеме со самодоверба да им бидеме конкуренција на големите европски гиганти кои моментално не гледаат како мува - нешто што може лесно да биде смачкано.

Низ годините земјите на Западот полека ја ставаат точката за иднината на младите на дневниот ред и во исто време почнува да се вложува во младите како следните лидери утре, но ние не можеме самите да чекаме додека од државите самите да им текне дека ние постоиме, туку друга да им го покажеме истото. Преку процесот младинско јакнење ние можеме тоа да го постигнеме преку повеќе чекори.

Еден од најкруцијалните чекори е преку зајакнување на младинскиот ангажман, преку тоа што преку поттик тие да се вклучуваат во невладини организации, младински размени и различни натпревари доброволно од своја рака, дека и ние самите не знаеме колку е непроценливо тоа искуство кога на младинска размена надвор од својот град како може да го смени менталитет на една личност која најверојатно не ни сакала да се нафати за оваа можност, или пак кога во различни натпревари младите ќе се навикнат на притисокот и конкуренција од сите страни и ќе бидат спремни за утрешниот свет каде што ќе мора низ такви емоции да поминуваат секојдневно. Така младите ќе стекнат не само познанства туку и некакво чувство за како е во вистинскиот свет и дека не е се црно и бело во ова општество, но и исто така младите ќе покажат и ќе ги „исплашат“ лидерите на политичката сцена преку тоа што ќе мора да ги приклучат и младите и тоа не само во нивната политичка програма, и ќе мора да го исполнат ветуваното за да не бидат казнети на следните избори! Младите особено во Македонија во моментот кога ќе бидат обединети против таа „елита“ и на некој начин ќе ги притиснат да преземат мерки за подобри и хумани услови за младината во ова општество, тогаш оваа наша земја ќе види некаков напредок и само тогаш младите ќе можат вистински да се чувствуваат како дел од својата земја и да имаат своја здрава доза на патриотизам, наместо на познатите последици од квази-патриотизмот, што значи преку оваа тивка ама и силна младинска револуција без жолт елек, ние ќе можеме да ја постигнеме нашата посакувана цел.

XS
SM
MD
LG