Достапни линкови

Џафери - Во Собрание не се држат заклучени пратеници


Архивска фотографија - Собраниска седница за уставни измени 9 јануари 2019 година

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието, соопштуваат собраниските служби. Од таму велат дека се работи за класична дезинформација, која, како што велат, има за цел да нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на интегрирање во ЕУ и НАТО.

„Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно“, стои во собраниското соопштение.

Во него стои и дека 75. седница на Собранието се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница.

Претходно, претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, изјави дека тројца пратеници се заклучени во Собранието/ Тој обвини дека врз пратениците се врши притисок да гласаат за уставните измени.

XS
SM
MD
LG