Достапни линкови

Албанската влада ги прифати барањата на студентите


Протести на студенти во Тирана.

Албанската влада денеска соопшти дека им ги исполнила барањата на студентите,кои ја бојкотираа наставата. Во соопштението од Владата се наведува дека на вонредна седница одлучиле да ги исполнат студентските барања. Студентите повеќе од две недели ја бојкотираа наставата, а најавија дека со протестите ќе продолжат во јануари.

Со прифаќањето на нивните барања, сега талентираните и сиромашните студенти ќе плаќаат помала школарина, а сиромашните ќе добиваат и стипендија од околу 80 евра. На останатите студенти школарината ќе им биде намалена за половина. Владата вети и дека повеќе пари ќе издвојува за јавните универзитети и дека ќе им обезбеди подобро сместување на студентите. Допрва треба да се види дали студентите ќе ги прифатат отстапките на владата.

XS
SM
MD
LG