Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ во февруари ќе избира кандидат за претседателските избори


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека најдоцна до 11 јануари партијата ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните претседателски избори во Македонија.

Огласот, според Мицкоски ќе трае десеттина дена, потоа кандидатите ќе го дадат нивното образложение за визијата за иден претседател на Република Македонија и за политиките кои ќе ги водат, во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку средби со граѓани.

Конвенцијата за претставувањето на кандидатите, како што наведе, ќе се одржи на 16 февруари 2019 година. Мицкоски не сакаше да коментира за евентуални имиња кои се споменуваат за можни кандидати за претседател.

XS
SM
MD
LG