Достапни линкови

Русковска - Не сум задоволна од законот за амнестија


Обвинителката Вилма Русковска на судење за „27 април“

Како обвинител кој вложил многу труд, многу работа во предметот, но и како граѓанин на оваа држава не сум задоволна од Законот за амнестија, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за насилствата во Собранието на 27 април минатата година.

„Преквалификација нема да има за тие обвинети што не се опфатени со амнестијата, затоа што не важи амнестијата за целото кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. А, како ќе стигнуваат барањата за амнестија, така ќе се одлучува поединечно по истите, со тоа што навистина во Законот е предвидено дека одлуката ја носи судот по претходно прибавено мислење на јавниот обвинител и тоа е добро што е така затоа што е многу подобро отколку комисија да формираа во Собранието, па амнестијата да ја одредуваат тие за кого да важи, а за кого да не важи. Сепак, обвинителот најдобро го знае предметот, а и судот кога ќе се комплетира доказната постапка“, изјави Русковска.

Прашана што ќе се случи, доколку одлучи никого да не амнестира, Русковска рече дека не може никого да не амнестира, зашто мора да го почитува законот.

XS
SM
MD
LG