Достапни линкови

Јанева - Амнестиите влијаат на работата на Обвинителствата


Обвинителката Катица Јанева.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, изјави дека законот за амнестија кој вчера беше изгласан е нешто сосема друго од амнестијата која во 2016 година ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов. Јанева одговарајќи денеска на новинарски прашања рече дека амнестијата на Иванов влијаела на работата на СЈО, така што го блокирала обвинителството за два месеци, а како што вели сигурно и амнестијата изгласана вчера ќе влијаа на ОЈО и на Судот.

„Амнестијата на Иванов беше сосема нешто друго од ова. Таа амнестија ов беше врз основа на непознати податоци, тој немаше податоци за работата и лицата кои ги амнестираше. Неговата беше тотално незаконска, беа помилувани и сведоци и странски државјани и лица кои воопшто не биле предмет на постапка на судовите и на обвинител. Тоа влијаеше така што два месеци не работеше специјалното обвинителството. На Основното јавно обвинителство и на судовите оваа амнестија сигурно ќе влијае, но не би сакал да коментирам нешто што не е во мој домен“, изјави обвинителката.

XS
SM
MD
LG