Достапни линкови

Мицкоски- народот ќе и врати на власта на претседателските избори


Архивска фотографија- претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот протестен марш во Велес ги повтори своите ставови и барања. Тој рече дека народот ќе и врател на власта на претседателските избори и ги повикува сите да застанеле до предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија, за да можеле да победат.

Мицкоски се обрати и до поранешните сопартијци велејќи дека има порака и за оние “кои што застанаа рамо до рамо со вас и кои скокаа по медиумите блиски до власта и дехидрираа со плукање по мене и врз ВМРО-ДПМНЕ”.

“ Да им порачам на нив и на вас од СДСМ нека ви е аирлија новата коалиција со тие луѓе. Нема да се нафајдите и нема да се изнарадувате многу. Ќе видите што ќе ви се случи на вас. Знам дека седат некаде во некоја канцеларија и подготвувате сценарија и закони со кои што дополнително ќе ги нарушат достоинството на тие маченици. Но нема да им помине. Нема да им помине затоа што ќе дојде денот кога и вие задно со нив ќе бидете разголени и разобличени пред судот на овој народ и ќе ве пратиме во темната страна на историјата. Од прв до последен”, рече Мицкоски.

Тој повторно ги испорача нивните барања- оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оставка од министерот за надворешни работи Никола Димитров, да престане економското опустошување на Македонија, да се почитува волјата на граѓаните јасно искажана на референдумот, да се формира комисија која што ќе ги истражи анализира и преслуша сите разговори снимени од обвинителството и судовите и веднаш да продолжи проектот за гасификација.

XS
SM
MD
LG