Достапни линкови

Подготвен Предлог-законот за амнестија за 27 април – нема помилување за тепачите и организаторите


Луѓе со фантомки тепаа пратеници откако упаднаа во Собранието на 27 април 2017

Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог-закон за амнестија што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен. Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со Предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.

„Сите лица опфатени со овој судски процес ќе треба поединечно да поднесат барање за амнестија“, посочи Рамчиловиќ.

Се очекува Интерпарламентарната група за интеграција и помирување денеска да се состане и да го разгледа предлог законското решение за амнестија, што се предлага да се донесе по скратена постапка.

XS
SM
MD
LG