Достапни линкови

Кина бара ослободување на директорката на Хуавеи


Финансиската директорка на кинескиот технолошки гигант Хуавеи, Менг Ванжоу

Кина од Канада бара итно ослободување на финансиската директорка на кинескиот технолошки гигант Хуавеи, Менг Ванжоу, која беше уапсена и се соочува со екстрадиција во САД под обвинение за навод обид за заобиколување на американските санкции против Иран. Таа е заменик претседавач на управниот одбор на Хуавеи и е ќерка на основачот на компанијата Рен Женгфеи, кој е поранешен кинески воен инженер.

Дел од аналитичарите велат дека нејзиното апсење ќе ги засили тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон, кои веќе се напнати по меѓусебното воведување извозни тарифи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека нејзиното апсење е пример на „арогантната“ американска надворешна политика и покажува дека Вашингтон ги наметнува своите закони и таму каде што нема јурисдикција.

Хуавеи е најголемиот производител на мрежна опрема во светот, која се користи од телефонски и интернет компании.

Американските разузнавачи ја обвинија компанијата дека служи како параван за шпионирање од кинеската армија и од разузнавачките служби.

Вашингтон повторно воведе санкции против Иран, откако САД во мај соопштија дека се повлекуваат од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили од 2015 година.

XS
SM
MD
LG