Достапни линкови

Понудени гаранции дека Асанж нема да биде испорачан во земја каде би добил смртна казна


Асанж во еквадорската амбасада во Лондон живее од 2012 година

Еквадорскиот претседател Ленин Морато изјави денеска дека Велика Британија понудила доволно гаранции дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж нема да биде испорачан на некоја земја, каде би му се заканувала смртна казна.

„Патот е отворен за Асанж да донесе одлука да замине“, изјави Морено во радио интервју и посочи дека британската Влада дала писмени гаранции дека нема да го екстрадира Асанж, кој од 2012 година живее во еквадорската амбасада во Лондон, на некоја земја каде може да биде соочен со смртна казна.

XS
SM
MD
LG