Достапни линкови

Реакција од Кабинетот на Иванов: Не сме ни размислувале за воведување воена состојба


Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги отфрла, како што се вели во пишаната реакција, ,,континуираните и очајни обиди” за вмешување на претседателот на Република Македонија и Кабинетот во настаните од 27 април 2017 година.

,,Во Кабинетот на шретседателот на Република Македонија никогаш ниту се разговарало, ниту се размислувало за прогласување на воена или вонредна состојба. Сметаме дека последното посочување на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски, во функција на наводен план за прогласување на воена или вонредна состојба на 27 април 2017 година, е уште еден во низата очајни обиди за конструирање на сценарио за неосновано вмешување на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и лично на претседателот на Република Македонија во настаните од 27 април 2017 година”, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG