Достапни линкови

Одбиено барањето за кривична истрага против тутунските компании


Холанскиот суд го одби барањето да биде покрената кривична истрага против тутунските компании. Судот наведе дека цигарите не се нелегални бидејќи се под регулатива на Европската Унија, па оттука не постои кривично дело, објави агенцијата АП.

„Фактот дека цигарите создаваат зависност и можат да претставуваат ризик по здравјето не менува ништо“, наведе судот во пресудата.

Холандската правничка Бенедикт Фиц во 2016 година побара да биде покрената кривична истрага во името на поранешните пушачи и организации за спречување на пушењето меѓу младите луѓе. Кон повикот се приклучија болниците, докторите и други групи.

XS
SM
MD
LG