Достапни линкови

Ахмети на средба со Жбогар: Има струи кои го попречуваат Преспанскиот договор


Али Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека во Македонија има опструктивни струи во однос на Преспанскиот договор и уставните измени и тоа му го пренел на амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, со кого имале работна средба за процесот на уставните измени, системските реформи и околу политичката ситуација во земјата, соопшти партијата.

„Овие клучни моменти за земјата и регионот бараат посветеност од сите, институциите, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и други. Овој процес е неповторлив и истиот е од апсолутна важност за обезбедување на нашиот евро-атлантски пат“, рекол Ахмети на средбата со евроамбасадорот.

XS
SM
MD
LG