Достапни линкови

Украина се повлекува од Договорот за пријателство со Русија


Украинскиот парламент го прифати предлогот на претседателот Петро Порошенко за повлекување од Договорот за пријателство со Русија. За предлогот гласаа 277 пратеници, а беа потребни 226 гласа. Договорот треба да истече на 31 март 2019 година, но нема да биде продолжен по тој датум.

Договорот за пријателство, потпишан во 1997 година, ги обврзува Русија и Украина „да го почитуваат територијалниот интегритет на другата страна и ја потврдуваат неповредливоста на границите“. Исто така се вели дека Русија и Украина треба да градат билатерални односи „врз основа на принципите на меѓусебно почитување на суверената еднаквост, неповредливоста на границите, мирно решавање на разликите, без употреба на сила или закана за употреба на сила“.

Украинската влада од 2014 година се бори против проруските сепаратисти во источна Украина, а Русија го анектира Кримскиот Полуостров кој е украинска територија. Иако Русија негира вмешаност во конфликтот, Меѓународниот суд на правдата во ноември 2016 година пресуди дека борбите во источна Украина се „меѓународен вооружен конфликт меѓу Украина и Руската Федерација“.

XS
SM
MD
LG