Достапни линкови

По насилните протести, Франција го суспендира зголемувањето на данокот на горива


Протести пред Триумфалната капија во Париз

Француската влада го суспендира зголемувањето на данокот на горива за шест месеци, а тарифите за струја и за гас нема да се зголемуваат зимоска, соопшти денеска францускиот премиер Едуар Филип. До ова доаѓа за да се намалат тензиите поради незадоволството на движењето „Жолти елеци“ кое со денови организира протести.

„Ниедна такса не заслужува да го доведе во опасност единството на нацијата“, рече Филип во телевизиското обраќање, додавајќи дека „треба да се биде глув за да не се чуе бесот“ на Французите.

Филип вчера се сретна со претседателот Емануел Макрон во Елисејската палата.

Од 17 ноември во Франција се организираат протести и блокади на „Жолтите елеци“, кои почнаа да се собираат прво поради најавеното зголемување на даноците на гориво, но тоа прерасна во општо незадоволство од политиката на претседателот Макрон.

Над 100 луѓе се повредени во протестите во Париз, а 412 беа приведени за време на викендот за време на најголемите урбани немири во Франција во изминатите години, кога беа запалени десетици возила, беа кршени излози, а Триумфалната капија беше оштетена и ишарана со графити.

XS
SM
MD
LG