Достапни линкови

На кошаркарите на белградски Партизан им беше забранет влезот во Косово


Илустрација: Навивачи на Партизан

На кошаркарите на белградски Партизан, кои планираа да одиграат пријателски натпревар со кошаркарскиот клуб Трепча од Косовска Митровица, денеска им беше забранет влез во Косово и тие ќе се вратат дома. Кошаркарите на Партизан биле запрени на граничниот премин Јариње.

Нивното патување беше со цел да им пружат поддршка на косовските Срби кои протестираат против одлуката на владата во Приштина да воведе такси од 100 отсто на производите од Србија и од БиХ.

Од воведувањето на таксите, на 21 ноември, во северниот дел на Косово се одржаа неколку протестни собири, градоначалниците на четири општини со мнозинско српско население поднесоа оставки, а локалните институции ја прекинаа комуникацијата со централните власти во Приштина.

XS
SM
MD
LG