Достапни линкови

Притвор за двајца украински морнари во Русија


Еден од запленетите украински воени бродови од Русија

Рускиот суд во Симферопол им одреди два месеци притвор на двајца украински морнари кои беа заробени од руската крајбрежна страна во конфронтацијата на Керчскиот Премин на влезот од Црното во Азовското Море. Одлуката на судот во главниот град на Крим, кој сега е под руска контрола, го покажува спротивставувањето на Кремљ на повиците на Киев и на Западот да ги ослободи 20-тината морнари, кои беа заробени заедно со нивните три брода на украинската морнарица.

Рускиот суд за конфронтацијата во која имаше пукање и судир на бродови распитува 12 од украинските морнари, а останатите деветмина ќе бидат на распит утре.

Притворот може да се продолжува и засега е нејасно кога процесот за нарушување на границата против украинските морнари може да почне.

XS
SM
MD
LG