Достапни линкови

Јанакиески тврди дека немал сметки во странство и не планирал бегство


Миле Јанакиески пред Кривичниот суд

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната јавна седница во Апелацискиот суд на која се разгледуваат жалбите за мерката притвор изјави дека одговорно тврди оти службената белешка од УБК е фингирана и е направена истиот ден кога побегна екс-премиерот Никола Груевски. Според него, при определувањето на мерката притвор институциите ги прекршиле законите, конвенциите и човековите права.

Тој порача и дека СЈО требало да направи проверка со кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов и да бидат проверени снимки од безбедносните камери за посетите кај претседателот. Тој побара даму биде дозволено да се грижи за семејството и од слобода да се подготвува за одбрана пред судот. Јанакиески тврди дека немал сметки во странство и оти не планирал да бега.

Обвинителката Лиле Стефанова, истакна дека решението за определување мерка притвор на Јанакиески е законито, како и дека не може да го задржат од бегство ако е на слобода. Апелацискиот суд има рок од 48 часа да донесе одлука по жалбата на Јанакиески за мерката притвор.


XS
SM
MD
LG