Достапни линкови

Косово воведе царини од 100 отсто за производи од Србија и од Босна и Херцеговина


Српски производи во продавница во Приштина

Косовската влада воведе нови царини од 100 отсто на производите од Србија и од Босна и Херцеговина, со цел зајакнување на домашното производство, економија и на косовската државност.

Министерот за трговија Ендрит Шаља ги повика домашните производители да се фокусираат на квалитет, а од трговците побара да бараат нови пазари за соработка. Тој потсети дека косовските производители се соочуваат со многу бариери во Србија и оти нивните производи не се пласираат на српскиот пазар.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека ни овој пат мерките не се однесуваат на меѓународните брендови кои се произведуваат во Србија.

Вицепремиерот Енвер Хоџај, пак, на Твитер напиша дека со оваа одлука се штитат виталните интереси на Косово.

„Србија ја продолжува агресивната кампања против Косово на меѓународен план. Таа исто така го минира и процесор на нормализација“, напиша тој.

Косовската влада претходно воведе царини од 10 отсто на производите од Србија и од Босна и Херцеговина, заради заштита на домашното производство, но и поради, како што наведе, деструктивното однесување на Србија кон Косово. Ваквата одлука на Приштина наиде на големи критики од ЕУ, со образложение дека со тоа се кршат правилата на ЦЕФТА.

XS
SM
MD
LG