Достапни линкови

Околу 160 луѓе годишно гинат во сообраќајки


Симулација на сообраќајна несреќа - Црвен Крст Скопје

Во Македонија на годишно ниво околу 160 луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а повеќе од 6.000 лица се повредени, соопштуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На одбележувањето на 18 Ноември – Светскиот ден на сеќавањето на жртвите од сообраќајни незгоди, од Советот апелираат до сите надлежни институции да ја издигнат безбедноста на сообраќајот на врвот на агендата на дејствување, а учесниците во сообраќајот да покажат повисоко ниво на свест и одговорност во сообраќајот.

Според податоците на Светската здравствена организација, годишно во сообраќајни незгоди животот го губат околу 1,3 милиони луѓе, што претставува 2,2 проценти од глобалната смртност. Овие податоци покажуваат дека над 3.500 лица дневно умираат како последица на сообраќајни незгоди, а околу 140.000 лица се повредени. Од нив, дури 15.000 лица се здобиваат со траен инвалидитет.

XS
SM
MD
LG