Достапни линкови

Отруени кучиња скитници во Тетово


Илустративна фотографија. Кучиња скитници.

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ денеска обвини дека во Тетово било извршено рутинско чистење на кучињата од градот. Според нивните информации, кучињата биле отруени откако пред неколку денови се појавиле видео снимки на кои групи кучиња шетале низ центарот на Тетово.

Јавното комунално претпријатие – Тетово, пак, информира дека тие не ги отруле кучињата, туку дека по добиената пријава од граѓани нивните екипи само ги подигнале телата на умрените кучиња и ги закопале на соодветна локација, согласно прописите. Оттаму посочија дека во последниот месец подигнале четири тела, повторно по пријава на граѓани дека на определено место има починато куче. Советот на општина Тетово на минатомесечната седница донесе одлука за решавање на проблемот со кучињата скитници. Согласно оваа одлука, кучињата скитници од градот ќе бидат соодветно третирани по различни постапки и згрижени во стационар на улица „Гостиварска“, во објект кај седиштето на „Комунална хигиена“.

Според програмата, месечно ќе бидат заловени 20 кучиња за чија цел ќе се одвојуваат 500 илјади денари, пари од буџетот на општина Тетово. Оваа програма треба да почне од 1 декември оваа година.

XS
SM
MD
LG