Достапни линкови

Српската опозиција прашува дали Вучиќ ѝ наредил на тајната полиција да го спроведе Груевски низ Србија


Седиштетот на српската Безбедносно-информативна агенција

Опозициското Движење на слободни граѓани денеска ја праша српската власт каква улога имала во бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија и дали е точно дека претседателот Александар Вучиќ „незаконски ѝ наредил на Безбедносно-информативната агенција (БИА) тајно да го прифати Груевски и да го спроведе низ Србија“, затоа што, како што наведуваат, сака „да создаде пракса која утре и нему ќе му треба“.

Движење на слободни граѓани, во денешното соопштение, наведува дека Србија, под власт на Српската напредна странка, станала „сигурна зона и фришоп за богатите луѓе кои бегаат од правдата во своите земји“.

XS
SM
MD
LG