Достапни линкови

Распишана меѓународна потерница за Груевски


Потерницата за Груевски објавена на интернет страницата на МВР

Министерството за внатрешни работи ја преиначи потерницата за поранешниот премиер Никола Груевски од национална во меѓународна. Како што е сменето на интернет страницата на МВР, Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје, се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ со МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА.

Претходно од МВР соопштија дека го информирале Основниот суд Скопје 1 дека имаат потврда дека Груевски е во Унгарија, по што очекуваа Судот да издаде решение за распишување на меѓународна потерница.

XS
SM
MD
LG