Достапни линкови

Притвор за Камчев и уште четворица осомничени во „Империја“


Архива: бизнисменот Јордан Камчев.

Триесетдневен притвор добија петте лица осоминичени во случајот на СЈО „Империја“ Јордан Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски, кои вчера беа на распит пред судија на претходна постапка, информираат од СЈО.

Оттаму наведуваат дека решенијата за одредените притвори ги подигнале ноќеска обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефановска.

Претходно медиумите објавија дека петмината осомничени во затворот „Шутка“ се донесени околу 2.30 часот.

Во новата истрага „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство вкупно се осомничени 13 лица, меѓу кои Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа и други поради сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари. СЈО вчера во соработка со МВР изврши 12 претреси.

XS
SM
MD
LG