Достапни линкови

Мицкоски- Добро е да се слушнат двете страни


Архивска фотографија- претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој во Хелсинки учествуваше на самитот на Европската народна партија вели дека добро да се слушнат и двете страни. Ваквата негова телефонска изјава за телевизијата Канал 5 доаѓа откако на покана на претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол на самитот покрај партиската делегација што тој ја предводи учествуваа и исклучените пратеници, членови и поранешни фукнционери од ВМРО-ДПМНЕ.

“Добро е секогаш да се слушнат и двете страни односно да се вкрстат аргументите на двете страни така што можев да ги објаснам позициите на ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, а истовремено да ги убедам дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш во минатото, никогаш не би поддржало ниту пак би презела акција во насока да делува насилно или да се заканува и да уценува” рече Мицкоски.

Тој рече и дека и покрај тоа што во Собранието се почнати процедурите за нацрт- амандманите за промена на Уставот ВМРО-ДПМНЕ останува да биде против овој процес.

“ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, партија на народот и ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото, така и во иднина ќе ги користи исклучиво демократските алатки кои и стојат на располагање. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде против уставните измени во рамките на Собранието”, нагласи Мицкоски.

XS
SM
MD
LG