Достапни линкови

Бушати- Одлучни сме да ги надминеме бариерите со Грција


Архивска фотографија- Албанскиот министер за Европа и за надворешни работи, Дитмир Бушати

Албанскиот министер за Европа и за надворешни работи, Дитмир Бушати, изјави дека независно од инцидентот во Буларат, со грчката страна „продолжуваат дискусиите за постигнување на договорите, кои ќе го олеснат животот на албанските граѓани во Грција и обратно“. Тој додаде дека албанските власти се одлучни да работат со грчката страна, со цел да се отстранат сите бариери кои постојат меѓу двете земји.

“Она што го гарантираме во име на албанската држава е нашата одлучност да работиме со грчката страна за да се спроведат договорите, еден по еден. И во контактите кои ги имавме во изминатиот период, две-три недели наназад, независно од инцидентот што се случи во Буларат, било да се контактите со премиерот или со мене, заеднички став е дека е неопходна одлучноста да ги надминеме една по една сите бариери кои постојат меѓу двете земји, а кои се многу значајни за животот на нашите граѓани”, изјави Бушати.

Инцидентот во селото Буларат, кај јужниот албански град Ѓирокастро, се случи на 28 октомври, кога во престрелка со припадниците на албанската специјална полициска единица „Ренеа“ беше убиен Константинос Кацифас(35), албански Грк, кој поседувал и грчко државјнаство.Убиството на Кацифас предизвика тензии во грчко-албанските односи, дури грчкиот заменик министер за надворешни работи се закани дека и преговорите меѓу двете земји кои се водат за повеќе прашања ќе зависат од истрагата околу настанот во Буларат.

XS
SM
MD
LG