Достапни линкови

ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов


Претседателот Ѓорге Иванов

Основното јавно обвинителство Скопје почна предистражна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Како што соопшти ОЈО Скопје, предистражната постапка е покрената постапувајќи по две анонимни пријави.

„Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот“, наведуваат од ОЈО.

XS
SM
MD
LG