Достапни линкови

Заев ќе го разгледа барањето на Мицкоски за амнестија, но тоа да не ја урива правната држава


Зоран Заев во Собранието на 27 април.

Премиерот Зоран Заев вели дека ќе почека да го види предлогот за амнестија на сите учесници во собраниските настани на 27 април, што го даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, но тврди дека со тоа не смее да се урниса правната држава. Заев вели дека сака да ги разгледа сите предлози, но дека сè што ќе се прави мора да се прави внимателно, оти како што вика, сè што се прави будно го следат членките на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестијата да важи за сите инволвирани во настаните во Собранието и затоа и ќе поднесат Предлог закон за амнестијата.

Пратеникот Зијадин Села од Алијансата за Албанците, кој беше најповреден на 27 април минатата година пак е против амнестија и помирување. Тој вели дека помирувањето може да има само ако, како што вели„ насилниците и виновниците за крвавиот четврток одговараат за своите дела“.

XS
SM
MD
LG