Достапни линкови

Заев: се помиривме со соседите, да се помириме и дома


Архива: премиерот Зоран Заев.

Пруживме рака за помирување со сите наши соседи, да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации, вели премиерот Зоран Заев во честитка по повод празникот Ден на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

„Да чекориме заедно и одлучно кон европското семејство заедно, затоа што изолацијата никогаш не носи ништо добро“, вели Заев.

Заев во честитката наведува дека патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, „како што се стремеа основоположниците на македонската револуционерна борба и држава на која ќе бидеме горди, вложувајќи се себеси, како што се вложија плејадата учесници во создавањето на нашата државност“, вели Заев.

XS
SM
MD
LG