Достапни линкови

Палмер - Двотретинското мнозинство е историска пресвртница за Македонија


Премиерот Зоран Заев се сретна со заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер во Скопје

Со двотретинското мнозинство во Собранието за Договорот од Преспа се отвора европската иднина на Македонија и САД ќе ве поддржат на тој пат, рече заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер по средбата со премиерот Зоран Заев.

Историска пресвртница е гласањето во Парламентот за почеток на уставните измени во согласност со Договорот од Преспа, оцени заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер по средбата со премиерот Зоран Заев. Тој вели дека со тоа се отвора патот кон европската иднина на македонскиот народ. Палмер уште една ја нагласи поддршката на САД за Договорот од Преспа, кој, според него е од суштинско значење за евроатлантската иднина на земјата. На патот кон ЕУ и НАТО, македонското раководство и македонскиот народ може да сметаат на пријателството и поддршката од САД, рече тој.

„Сметаме дека јавноста ја поддржува оваа спогодба, задоволни сме со исходот на гласањето на процесот во петокот, тоа е глас за иднината и ќе соработуваме тесно со Владата и со сите пратеници кои гласаа за спогодбата за да се спроведе целосно спогодбата, потоа Грција да си ги исполни обврските за да може да направите напредок во зачленувањето во евроатлантските институции“, рече Палмер.

Палмер- Гласот на пратениците е глас за иднината
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Одговарајќи на новинарско прашање, дали тоа што не се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, значи дека им испратил порака дека вратата на САД е затворена за нив, Палмер рече тоа не е порака кон нив.

„При секоја посета имате определено време и треба да направите избор како најдобро да го искористите времето. Јас сум разговарал детално со господинот Мицкоски, тој испрати и писмо, кое јас внимателно го прочитав и во кое тој ги изнесува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се сретнав и со многу членови на македонскиот парламент, вклучително и со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, значи тоа не е мојата порака до нив“, рече Палмер.

Премиерот Зоран Заев рече дека со Палмер се согласиле дека одлуката за пристапување кон уставни измени на 80 пратеници во петокот има историско значење. Со нивната одлука, вели Заев, Македонија се оттргнува од заканата да се врати кон темното минатото и се спречува ризикот од нова изолација.

„Гласот на пратениците е и глас против нови политички кризи. Светот го види и го препозна тоа, сите наши сојузници ја поздравија покажаната државничка одговорност. Одлуката на пратениците е и поттик да ја отвориме следната страна на убавата историја, да почнеме да ги испишуваме политичките настани со политичко помирување, простување и обединување, кое ни е потребно како никогаш досега“, рече Заев.

Палмер претходно се сретна и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и со лидерот на Беса, Биљал Касами, со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со министри и со пратеници во Парламентот. На средбите се разговарало за последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите, како и евроатлантската интеграција.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG