Достапни линкови

Мијалков – ВМРО-ДПМНЕ е прозападна партија, не сум влијаел врз никого


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков повика на единство во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, при што потсетува дека историското ВМРО имало прозападна ориентација, исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање.

„Овој прозападен концепт беше еден од фундаментите на партијата, со крајна цел интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО“, вели Мијалков во изјава за Прес24.

Тој вели дека од денот на неговата оставка од сите партиски функции минатата година не учествувал во работата на ВМРО-ДПМНЕ и ги негира, како што вели, шпекулациите за негово влијание „врз претседателот на партијата, органите на партијата, пратениците или која било друга организациска структура во нејзин состав“.

Мијалков вели дека на партијата ѝ треба единство како никогаш досега.

„Им порачувам на сите патриоти, членови и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, дека е потребно силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе биде стожер на сигурна, безбедна и просперитетна Македонија“, вели Мијалков за Прес24.

XS
SM
MD
LG