Достапни линкови

Рестарт на трката во нуклеарно вооружување


„Нуклеарни тензии“ меѓу Вашингтон и Москва
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

„Нуклеарни тензии“ меѓу Вашингтон и Москва

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги почнува разговорите во Москва околу тензиите по објавата на Трамп дека ја повлекува земјата од договорот за нуклеарно разоружување. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со Болтон, но не денеска на првиот ден од неговата дводневна посета.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека американското напуштање на договорот со кој се забранува Соединетите Држави и Русија да поседуваат, произведуваат и тестираат крстосувачки проектили со нуклеарни боеви глави кои имаат дострел од 500 до 5.500 километри било предизвикано од руските потези:

Русија го прекрши договорот. Го кршат многу години и не знам зошто претседателот Обама не преговараше или не се повлече.“

Ваквата одлука остро беше критикувана од руските официјални претставници.

Според нив, тоа претставува уште еден опасен чекор на американската администрација, каков што е и претходното повлекување на Вашингтон од нуклеарниот договор со Иран.

Првиот заменик претседател на Думата, Александар Жуков, вели:

„Реакцијата на ова беше во минатата година. Мислам дека претседателот Путин рече дека ако таквата одлука биде донесена од Соединетите Држави, одговорот ќе биде реципрочен. Значи тоа не е и неочекувано.“

Путин во минатиот декември го обвини Вашингтон дека сака да се повлече од договорот за нуклеарни сили на среден дострел.

„Кога станува збор за Европа, зборуваме за офанзивна инфраструктура која се создава таму и за кршење од страна на Соединетите Држави на членови од Договорот за нуклеарни сили од 1987 година“.

Договорот беше потпишан од тогашниот советски лидер Михаил Горбачов и поранешниот американски претседател Роналд Реган.

Во првата реакција на најновиот потег на Вашингтон, Горбачов изјави:

„Мислам дека најсеопфатното мислење за ова прашање кое целосно го делам, беше изразено од претседателот Владимир Путин“.

Соединетите Држави уште во јули 2014 година ја обвинија Русија за кршење на условите од Договорот.

Москва ги негираше обвинувањата, нарекувајќи ги дел од антируската кампања што ја води Вашингтон во врска со украинската криза.

Оттогаш, Москва и Вашингтон постојано меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG